265
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за „воените злосторства“ во Украина, каде беа убиени неколку илјади цивили.
„Руската инвазија на Украина е очигледен пример за кршење на меѓународното право, а рускиот претседател е одговорен за смртта на неколку илјади цивили“, изјави Шолц пред новинарите во Берлин по видео средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и неколку европски колеги.
За време на средбата, лидерите ја потврдија нивната целосна солидарност и поддршка за Украина.
Шолц рече дека нивна должност е да го спречат ширењето на војната во други земји и повтори дека НАТО нема „директно да интервенира“.