Шолц: Путин нема да победи во оваа војна, Украина ќе истрае

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Во денешното телевизиско обраќање до нацијата по повод одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, германскиот канцелар Олаф Шолц ѝ пренесе уверување на Украина за германска солидарност во борбата против рускиот напад.

„Путин нема да победи во оваа војна. Украина ќе истрае“, рече Шолц, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот канцелар посочува дека годинава 9 мај добил посебно значење бидејќи две земји кои некогаш биле жртви на нацистичка Германија (Украина и Русија) сега се во војна.

Слични содржини