295
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се огради од поранешниот шеф на германската влада Герхард Шредер и неговите изјави во врска со Украина.
„Шредер не зборува во име на владата, тој не работи за владата и не е влада“, подвлече Шолц во интервју за Си-Ен-Ен.
Шолц истакна дека сега е канцелар и дека политичките стратегии на земјата се тие што ги кажува.
Тој нагласи дека води политика за Германија и порача дека прашањата за ангажманот на Шредер во Русија мора директно да му се постават на неговиот поранешен сопартиец.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Шолц избегна јасно да одговори за санкциите против Русија. Како и при разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден, тој избегна да зборува за гасоводот „Северен тек 2“.