Шолц: Се подготвуваат санкции против Русија, ситуацијата се уште е тензична

од Nikola Popovski
240 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Москва разбира оти Западот е обединет во решеноста да воведе остри санкции кон Русија доколку ја нападне Украина и додаде дека ситуацијата и понатаму е напната.

„Рано е да се каже дека проблемите се решени. Тие се сериозни и ќе останат такви уште некое време, така што го заслужуваат нашето внимание“, рече Шолц на прес-конференција по разговорот со данската премиерка Мета Фредериксен, пренесе Ројтерс.

Шолц додаде дека САД, Европската унија и НАТО дејствуваат усогласено кога станува збор за потенцијалните санкции и дека тие се подготвуваат многу добро.