187
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го пофали рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој е во затвор, и ги осуди руските ограничувања на слободата на говорот, објави Ројтерс, потсетувајќи дека пред две години имало обид да се отруе Навални.
Во видео порака, Шолц изјави дека разговарал со Навални во 2020 година, додека се опоравувал во болница во Берлин по труењето, и дека потоа видел дека е „храбар човек кој сака да се врати во Русија за да се бори за демократија, слобода и владеење на правото“.