205
Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска во телефонски разговор се согласија дека за дипломатско решение потребно е Русија да ја напушти Украина, изјави портпаролот на Шолц.
„Тие се согласија дека дипломатското решение меѓу Украина и Русија ќе бара итен прекин на непријателствата од руска страна и повлекување на руската армија од Украина“, рече портпаролот во изјавата, пренесе „Ројтерс“.
Дипломатското решение меѓу Украина и Русија би барало итен прекин на непријателствата од руска страна.