Шон Мендез нашол 30 години постара девојка, се забавува со својата лекарка

од Radmila Tasevska
318 прегледи

Американскиот пејач Шон Мендез е фотографиран со докторката Хозелин Миранда на влезот од неговата куќа во Западен Холивуд.

Долго време се шпекулира дека Мендез и Миранда се во врска, а овие фотографии само ги подгреваат тие гласини.

Наводниот пар пристигнал во куќата на познатиот пејач, а многу странски медиуми шпекулираа дека Миранда донела работи за да преноќи кај Шон.

Гласините околу двајцата започнаа минатиот јуни кога беа фотографирани заедно на ручек, а таа со години беше киропрактичар и доктор на Мендес на неговите турнеи, концерти и ревии. Сепак, и покрај тоа што често се гледаа заедно, тие не ја потврдија врската.

Миранда, поради нејзината специјализација за биомеханика и биодинамика, е многу позната меѓу американските пејачи, актери и спортисти, а нејзините медицински услуги ги користеле Џастин и Хејли Бибер, Кендал Џенер, Џастин Тимберлејк, Омар Аполо, Блејк Грифин …