Шојгу: Украина трпи огромни загуби, Русија не е виновна за конфликтот

од Radmila Tasevska
153 прегледи

Украина претрпе огромни загуби, а голем дел од нејзиното оружје и воена опрема се уништени, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руските сили продолжуваат да уништуваат воени цели во Украина, изведувајќи удари со висока прецизност врз воената инфраструктура, која вклучува енергетски капацитети. Синџирот на снабдување со оружје е прекинат, а воениот потенцијал на Украина постепено се урива“, рече Шојгу на состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Тој изјави дека украинската армија користи над 500 сателити на САД и НАТО, од кои 70 се воени, пренесува ТАСС.

Слични содржини