Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови

од Илинка Илиоска
211 прегледи

Шпанија денеска ја укина годишната награда за борба со бикови.

Борбата со бикови во шпански стил, во која животното обично завршува со убивањето на бикот, за приврзаниците е културна традиција која треба да се зачува, додека критичарите го нарекуваат суров ритуал на кој нема место во современото општество, пренесува Ројтерс.

Министерството за култура соопшти дека одлуката за укинување на наградата ја заснова на „новата социјална и културна реалност во Шпанија“, каде што загриженоста за благосостојбата на животните е зголемена, додека посетеноста на арените е намалена.

Слични содржини