Шпанија ќе плати оштета за пациентка од сектата Јеховни сведоци: Примила трансфузија на крв против своја волја

од Илинка Илиоска
57 прегледи

Европскиот суд за човекови права и наложи на Шпанија да плати вкупно 26.000 евра оштета, одлучувајќи по тужбата поднесена од страна на пациентка на која против нејзина волја и била направена трансфузија на крв иако била припадник на сектата Јеховини сведоци, пренесе АФП.

Со едногласна одлука, судот одлучи дека има повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права за приватниот и семејниот живот во светлината на членот 9 за слободата на мислата, совеста и религијата.

На Шпанија сега и се наложува да и плати на 53-годишната Роза Еделмира Пинто Муја од Еквадор 12.000 евра морална отштета и 14.000 евра за правни трошоци.

Жалбата е поднесена во март 2020 година до Европскиот суд за човекови права, кој е одговорен за прекршување на Европската конвенција за човекови права во 46-те земји што ја ратификувале.

Припадничката на верската секта Јеховини сведоци, кои „често се предмет на предрасуди и стереотипи“, според еден од нејзините застапници, била жртва на „медицински патернализам“ и покрај фактот што таа постојано изјавила дека сака медицинска нега но под услов да е доследна со нејзините верувања.

Застапничката на шпанската држава се бранеше со тоа дека врз основа на крајна итноста на ситуацијата е донесена одлуката за трансфузија на крв кај пациентката која била емигрантка во Шпанија.

Во јули 2017 година, по лекарски прегледи, беше одлучено жената да оди на операција. Таа приложила документи во кои се наведува дека одбива каква било трансфузија на крв, дури и ако нејзиниот живот е во опасност.

На 6 јуни 2018 година, Пинто Муја била примена во болница во северна Шпанија, а потоа префрлена во болница во Мадрид поради крварење.

Откако дознале дека е Јеховин сведок, анестезиолозите побарале мислење од обвинител, кој дал дозвола за каква било медицинска интервенција неопходна за да и се спаси животот.

Пинто Муја беше оперирана со трансфузија на крв.

Слични содржини