Шпанскиот премиер ветил дека ќе ја забрани проституцијата, индустрија вредна 3,7 милијарди евра

од Milan1
393 прегледи

Шпанскиот премиер Педро Санчез, во своето обраќање до јавноста во неделата, ветил дека ќе ја забрани проституцијата во таа земја, бидејќи како што вели таа “ги поробува жените”.

Проституцијата е декриминализирана во Шпанија од 1995-та година. Обединетите нации во 2016-та година процениле дека сексуалната индустрија во таа земја остварува 3,7 милијарди евра.

Истражувањето од 2009-та година покажало дека секој трет маж во Шпанија барем еднаш платил за сексуални услуги.

Меѓутоа, друг извештај објавен во 2009-та година сугерира на тоа дека таа бројка би можела да изнесува дури 39 проценти, а истражувањето на ОН од 2011-та ја наведува Шпанија како третиот најголем центар за проституција на светот, зад Тајланд и Порторико.

Проституцијата во Шпанија моментално не е регулирана и не постојат казни за оние кои нудат платени сексуални услуги. Меѓутоа, спроведување или делување како посредник меѓу сексуални работнички и потенцијален клиент е противзаконско.

Индустријата доживеала подем од својата декриминализација и се проценува дека околу 300.000 жени работат како проститутки во Шпанија.

 

Слични содржини