120
Русија е во преговори со кинески производител за купување на 100 дронови, кои би биле испорачани во април, пишува германскиот магазин Шпигел.
Претходните денови САД, Германија и некои други западноевропски земји ја предупредија Кина да не и продава оружје на Русија во војната против Украина, наведувајќи дека таквиот потег ќе има сериозни последици.
Ројтерс известува дека Русија, погодена од тешки западни санкции, се верува дека купила оружје од Иран и Северна Кореја, вклучително и беспилотни летала, но Кина досега стоеше настрана.