8
Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, соопшти денеска метеоролошката компанија Акуведер.
Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на оваа компанија, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната историја на Калифорнија, пренесе „ТВ мрежата НБЦ“.
Во исто време, некои од најскапите недвижнини во САД се наоѓаат токму на потегот од Малибу до Санта Моника, а многу куќи во таа област вредат неколку милиони долари.