21
– На 11.11.2024 во 18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Ѓ.(62) од Штип затоа што агресивно се однесувал во семејниот дом и се обидел со остар предмет да го нападне 31-годишниот син на неговата невенчана сопруга, информираат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.