Штипјанец уапсен со речиси 80 килограми марихуана

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Притвор од 30 денови му е одреден на штипјанец на возраст од 40 години откако кај него полицијата вчера пронашла 77 килограми марихуана.

Портпаролката на СВР – Штип, Гордана Панајотова денеска на прес-конференција истакна дека марихуаната е пронајдена кај Б.С. кој пред два дена со велосипед се движел по регионалниот пат Штип-Плачковица, кај селото Стар Караорман. Тој не застанал на наредбата на полициските службеници, по што откако е приведен, кај него пронајдени се две најлонски ќеси со марихуана со тежина од околу три килограми и осум рачно изработени цигари, џоинт.

Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет накротични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.