Вчера во 21,40 часот во полициската станица Аеродром биле лишени од слобода Д.А.(18) од Скопје и Х.Д.(18) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво”.

Од нив биле одземени скутер “гилера” со скопски регистарски ознаки и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини