Што мисли Курти за мерките на Вучиќ за Косово?

од Milan1
113 прегледи

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека мерките за помош на Србите на Косово што ги објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се донесени од очај и не придонесуваат за мир,  пренесува „Косово онлајн“.

Според Курти, мерките се ирационални. Како што истакна, прво мора да се зборува за условите што тој ги поставил.

„Прво, мора да зборуваме за трите услови што ги поставив, а тоа се мирни, но и рационални услови. Бараме Милан Радојчиќ да им биде предаден на косовските власти, бараме потпишување договор и повлекување на писмото на поранешната премиерка Брнабиќ која рече дека не ја прифаќа ни независноста на Косово. Значи, овие три услови се рационални и важни за зачувување на мирот, додека неговите барања се мерки направени од очај и се целосно ирационални. Тие не повикуваат на мир, туку се дел од агресивната кампања за нови конфликти, за кои очигледно нема место ниту во Косово, ниту во регионот“, рече Курти.

Слични содржини