Јадранското море во последните два дена добило зеленикава или кафена боја на широк простор од Плоче до Макарската ривиера.
„Сите забележавме дека морето е сосема поинаква по боја од вообичаеното и тоа на огромна површина“, изјави денеска читател на порталот Далмација, пренесе РТРС.
Од почетокот на месецот има многу врнежи во долината на Неретва, а особено во Херцеговина, некаде повеќе од 300 литри на метар квадратен.
Обилните дождови по сушата предизвикаа порои кон крајот на минатата недела во делови од БиХ. Сето тоа влијаеше на нивото на реката Неретва, која ја промени бојата поради големото количество поројна вода која содржеше кал и други нечистотии.
Сето ова на крајот стигна до морето преку Неретва. Струите потоа ја шират заматената морска вода на северозапад кон областа Макарска.