Што води кон успех и среде криза? Прифатете ги овие 10 вештини и 2022 година ќе биде ваша!

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Гледајќи наназад, оваа година можеби „потфрли“, бидејќи очекувавме да заврши пандемијата, да нема повеќе „заклучувања“, блокади, откажани летови, ширење на нови видови на коронавирусот и што е најважно, загрозување на здравјето на луѓето.

Сепак, факт е дека и оваа, како и 2020 година, бизнисот трпеше во различни сфери: од автомобилската индустрија и секоја друга поврзана област, поради недостигот на чипови, преку туризмот и услужните активности, до стагнација во големите компании (на пр. технолошки, финансиски).

Менаџерите, пак, се исправени пред предизвик: како да управуваат со бизнисот, кога работниците не се враќаат на работа, а „омикрон“ носи нова тензија? Сценариото од минатата година се повторува, сепак, со – се чини – помалку страв. Но, дали ги прашувате работодавците ширум светот – како е сега? Ќе ви кажат дека се уште е неизвесно.

Секторот на недвижности процвета и така ќе остане и во наредните години, но тоа е само еден сегмент од пазарот на трудот. Додуша, кинеските гиганти од споменатата сфера се соочуваат со невидена криза, но ситуацијата е глобално плодна за сопствениците на имот, посредниците и банките.

Бизнисот со достава, исто така, се покажа во добро светло оваа година, бидејќи трендот на нарачка на стоки преку Интернет продолжи.

Сума сумарум, состојбата е разновидна; некои работни места се во својот зенит, некои се пред колапс, а некои се „нишаат“, чекајќи подобра бизнис клима и крај на кризата. Но, едно е сигурно, секому му е потребно усовршување. Затоа, ви ги претставуваме вештините „вредни злато“, кои менаџерите треба да ги усвојат за поуспешна 2022 година.

Вештините пред вас се всушност збир на квалитети препорачани од академски студии, деловни списанија, мрежи на LinkedIn, анкети за кариера – и кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот бизнис и односот со вработените и соработниците.

Комуникација

Колку и да е старо човештвото, комуникацијата е клучна за добро функционирање секаде, со секого и во секое време. Но, не секоја комуникација е конструктивна. Императив е вработените и менаџерите да можат да се слушаат меѓусебно, како и соработниците, клиентите, подредените и претпоставените, а потоа соодветно да реагираат. Ова значи менување на вашиот стил во согласност со вашата публика, како и можност да го споделите вашиот став кохерентно и убедливо. Harvard Business Review (HBR) ја нагласува оваа вештина како особено важна за секој што работи од далечина.

Покажување почит

Почитувањето треба да биде во сржта на секој однос, без разлика на хиерархијата во фирмата. Според истражувањето на Glassdoor, непочитувањето е најчесто споменуваниот проблем меѓу менаџерите: имено, 43% од испитаниците изјавиле дека имаат шеф кој не почитува ништо. Кога вработените не се чувствуваат почитувани, помала е веројатноста да зборуваат на состаноци или да споделуваат идеи, што го зголемува стресот на работното место.

Моќта на убедување

Ова е особено важно за менаџерите, според LinkedIn, и нешто што регрутерите треба да го бараат кај кандидатите. Што и да правите, особено во областа на трговијата, за да ја унапредите кариерата – треба да ја подобрите вашата способност за ефективно презентирање на идеи.

Отвореност и искрени повратни информации

Ова не мора да значи дека сте достапни во секое време во текот на денот, туку дека сте отворени да слушнете за проблеми, грешки и други предизвици на работното место, како и да одговорите на фер и непристрасен начин. Според The ​​Predictive Index, 80% од вработените мислат дека можат да му пристапат на својот шеф со проблем, што е добро.

Сепак, само 67 отсто веруваат дека „имаат право“ на грешка, без менаџерот да им замери.

Исто така, во однос на искреноста и комуникацијата, давање искрен фидбек е важна вештина која вклучува разбирање на позициите на вработените, нивните таленти и потреби.

Внимание

Разумноста значи да ги имате на ум вашите подредени, а тоа се изразува на многу начини – емпатија кон колегата од работа кој има проблеми дома или сознанието дека секој од членовите на тимот во расправијата може да има валидни аргументи. Тоа значи и дека не заборавате да му дадете „заслуга“ на оној на кој му е потребно, доколку тоа го заслужил, како и да мислите на датуми како родендени или годишнини од работа во компанијата. Разумноста прави вработените да се чувствуваат ценети.

Макроменаџмент

Спротивно на микроменаџментот, овој термин подразбира управување со тим – индиректно. Значи, не мора да бидете лично „вклучени“ во секој проблем или предизвик, туку важно е да формирате добар тим на доверба, односно менаџери кои ќе ви бидат „десна рака“.

Макроменаџерите повеќе се фокусираат на поголемата слика и помалку на секојдневните операции, давајќи им на работниците поголема слобода да ја завршат работата. Макроменаџментот бара доверба, но може да доведе до помалку стресна, покреативна работна средина која им овозможува на вработените да растат.

Успешно управување со состаноци

За време на пандемијата, стана јасно колку е важно лидерот на состанокот да го задржи вниманието и да зборува јасно, и ефективно, бидејќи не беше лесно да се пренесе атмосферата „во живо“ – во онлајн светот. Колку пати сте биле на состанок кој траел долго, а сте го напуштиле фрустрирани, затоа што доминирала само една личност, можеби две? Одржувањето добар состанок е важна вештина, што значи дека секој што присуствува на него е (про) активен.

Одлучност

Одлучноста можеби сама по себе не изгледа како „вештина“, но важно е, т.н мека вештина, која влева доверба. Многу луѓе веруваат дека одлучноста значи да се биде способен да се донесува брзи одлуки и да се држи до нив. Иако брзината е од витално значење во некои моменти, вистинската вештина е да се знае кога и како да се побараат потребните информации и да се донесат правилни одлуки.

Креативност

Негувањето на работна средина што ја поттикнува креативноста е важна вештина за луѓето и лидерството. Се враќаме на довербата и комуникацијата: тоа исто така значи да им се даде време на вработените да размислуваат и, можеби, да отфрлат некои идеи, да се поттикне хуморот, што им помага на луѓето да влезат во порелаксиран однос. Важно е да се размислува „надвор од кутијата“.

Слични содржини