Шустер за новиот претседателски мандат на Бајден: Секако дека нема да се откаже

од Илинка Илиоска
57 прегледи

Актуелниот американски претседател и кандидат за нов мандат, демократот Џо Бајден нема намера да се откаже од трката за нов претседателски мандат, изјави портпаролот на неговата кампања, Сет Шустер.

„Секако дека нема да се откаже,“ изјави Шустер по дебатата на Бајден со Доналд Трамп, по која некои демократи изразија незадоволство, а дел од јавноста повика тој да се повлече од трката.

Бајден по дебатата исто така потврди дека нема да се откаже од трката за нов мандат, додавајќи дека е тешко да се расправа со „лажливец“.

Во вчерашната дебата, за која голем број аналитичари рекоа дека ќе влијае врз политички неопределените гласачи и врз текот на изборите закажани во ноември, Бајден остави бледа слика додека Трамп постојано беше во офанзива.

Бајден го нарече Трамп најлошиот претседател во историјата на Америка додека неговиот ривал му порача да направи тест и да си ги провери когнитивните способности.

Вчерашниот беше прв од двата закажани дуели на двајцата претседателски кандидати пред претседателските избори во земјата.

Слични содржини