285
Во Швајцарија денеска се одржаа четири референдуми, а гласачите меѓу другото гласаа за построга забрана за тутунските производи и ја отфрлија забраната за тестирање производи на животни.
Околу 57 отсто од гласачите ја поддржаа забраната за рекламирање на тутунот. Таквите производи повеќе не можат да се рекламираат на постери на јавни места како што се кина, во медиумите и на спортски настани.
Освен тоа, Швајцарците на референдум одлучија да ја задржат административната такса, данокот што компаниите го плаќаат при издавање акции и други деловни активности.