Професорката на универзитетот Упсала во Шведска Шел Магнусон оценила дека тоа што се случило за време на конфликтот во БиХ во 90-тите години од минатиот век е страшно, но истакнала дека на бошњачкиот народ не му се заканувало уништување.
Во нејзиниот авторски текст за белградска „Политика“, Магнусонла посочи дека ако се откажеме од формулацијата и значењето на Конвенцијата за геноцид, неизбежно ќе завршиме во ситуација кога убиството на европските Евреи е релативизирано, што е во спротивност со моралот и интелектуалната искреност.
„Во целата своја трагедија, Сребреница не е иста со Аушвиц“, нагласила Магнусон за пресудата против Ратко Младиќ, кога беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за геноцидот во Сребреница.
Магнусон посочила дека се интересни причините поради кои судот го отфрлил тврдењето на обвинителот дека геноцид, освен во Сребреница, се случил и во шест општини на БиХ на почетокот на војната. Таа посочува дека и обвинителите и судиите се повикуват на уделот на муслиманското население во тие општини, а не на процентот на убиени муслимани, што, како што забележува таа, би било релевантно според Конвенцијата за геноцид, пренесува Танјуг.
Магнусон наведува дека 3,4 проценти од муслиманите го загубиле животот за време на војната во БиХ и додава дека ова може да се спореди со бројот на жртви во БиХ во Втората светска војна – Хрвати 6 проценти, муслимани 9 проценти, Срби 17 проценти и Евреи 77 проценти. Магнусон посочува дека овие податоци покажуваат дека Хашкиот трибунал придонел за девалвација на холокаустот и другите геноциди (Ерменија 1915 година, Руанда 1994 година), бидејќи во овие случаи станува збор за вкупна стапка на смртност од 50-60 проценти или повеќе.
„Во некои европски земји беа убиени 90 проценти од Евреите, а она што се случи во Босна од 1992 до 1995 година не е ни приближно до тоа и затоа не претставува ист феномен“, нагласила Магнусон.
Таа посочува дека пред судењето во Хаг, ниту научниците ниту адвокатите не можеле да замислат дека индивидуалните масакри ќе бидат дефинирани како геноцид, но дека идејата е формулирана од Махмуд Шериф Басиони, американски професор по право, кој направил студија за насилството во Босна основа за работата на Трибуналот.