Си-Ен-Ен ја подигна завесата околу средбата на Трамп и Путин

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Претседателот на САД Доналд Трамп на средбата со рускиот колега Владимир Путин ќе разговара за ситуацијата во Сирија и особено – руската поддршка кон Башар Асад, и ситуацијата во Украина.

За ова соопштии телевизиски канал Си-Ен-Ен. Според податоците на медиумот, темата “интервенцијата” на Русија во американските избори едвај ќе биде покрената.

Претходно од Вашингтон соопштија дека средба меѓу Трамп и Путин може да се одржи во рамките на самитот на Г-20 во Хамбург. До овој момент рускиот и американскиот претседател се уште не се сретнале.