ФБИ неодамна го извести Тод Бланш, еден од главните адвокати на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, дека кинески хакери го прислушувале неговиот мобилен телефон. Хакерската операција беше насочена кон истакнати републиканци и демократи и трае веќе неколку месеци, изјавија извори за Си-Ен-Ен.
Хакерите дошле до одредени гласовни снимки и пораки од телефонот на Бланш, но ниту една информација не била поврзана со Трамп. По хакирањето, Бланш мораше да го смени телефонскиот број.
Си-ен-ен претходно објави дека слична закана била упатена до адвокатката Линдзи Халиган како дел од иранските хакерски напади. Кинески хакери исто така целеле и на Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс, Џаред Кушнер, Ерик Трамп, членови на кампањата Харис-Валц и членови на администрацијата на Бајден.
Софистицираната операција, која вклучува упади во телекомуникациските компании „AT&T“, „Lumen“ и „Verizon“, предизвика загриженост кај американските официјални лица за пристапот до записите за повици и комуникациите на истакнати американски функционери. Кинеската влада ги негира обвинувањата дека е одговорна за хакирањето.