Си-ен-ен: Украина пред енергетска криза, ИЕА предупредува на сериозни прекини во снабдувањето оваа зима

од Илинка Илиоска
61 прегледи

Украина се соочува со „сериозен прекин“ во снабдувањето со електрична енергија оваа зима, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), повикувајќи ги сојузниците на Киев да помогнат во решавањето на проблемите со енергетската безбедност на земјата.

Русија постојано ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина со проектили и беспилотни летала од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, но бомбардирањата неодамна се интензивираа, ставајќи ја земјата во несигурна позиција како што се приближува студеното време.

„Енергетскиот систем на Украина ги преживеа последните две зими благодарение на издржливоста, храброста и снаодливоста на нејзиниот народ и силната солидарност на меѓународните партнери“, изјави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, во четвртокот за Си-ен-ен.

Оваа зима ќе биде убедливо најтешкиот тест досега

Минатиот месец Русија изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина од почетокот на војната, истрелувајќи повеќе од 200 проектили и беспилотни летала, главно врз енергетската инфраструктура.

Нападот предизвика прекин на електричната енергија во неколку украински градови, погодувајќи милиони домаќинства.

Украина ја нападна и руската енергетска инфраструктура

Дури и пред тој напад од Москва, повеќе од две третини од капацитетот за производство на електрична енергија на Украина пред војната не беше во функција поради уништување, оштетување или окупација од страна на руските сили, се вели во извештајот на ИЕА.

Ова доведе до редовни прекини, што може да влијае и на водоснабдувањето, а тоа стана дел од секојдневниот живот во Украина.

„Ситуацијата може да стане уште полоша како што деновите стануваат пократки и постудени“, предупредува агенцијата.

ИЕА проценува дека недостигот на електрична енергија во Украина оваа зима може да достигне до 6 гигавати, или речиси една третина од очекуваната максимална побарувачка, што е еквивалентно на годишната максимална потрошувачка на Данска, на пример.

Во својот извештај, агенцијата предлага 10 мерки што Украина и нејзините сојузници треба да ги спроведат за да ги намалат ризиците за снабдувањето со енергија на земјата.

Ова вклучува зајакнување на физичката и кибербезбедноста на клучната енергетска инфраструктура, забрзување на испораката на опрема и резервни делови за поправки, инвестирање во енергетска ефикасност и зголемување на капацитетот за увоз на електрична енергија и природен гас од Европската Унија.

Помош од замрзнати руски средства

За да ` помогне на Украина во претстојната зима, ЕУ ќе одвои 160 милиони евра (179 милиони долари) – вклучувајќи 60 милиони евра (67 милиони долари) за хуманитарна помош за засолништа и греалки и 100 милиони евра (112 милиони долари) за поправки и обновливи извори на енергија, при што поголем дел од средствата ќе бидат обезбедени од замрзнати руски средства.

„Русија да плати за уништувањето што го предизвика“, изјави за новинарите во четвртокот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа, исто така, истакна дека ЕУ придонела најмалку 2 милијарди евра (2,2 милијарди долари) во енергетскиот систем на Украина од почетокот на екстензивната руска инвазија.

Според претседателот на извршното тело на ЕУ, работите на обновување на енергетската инфраструктура на Украина и поврзувањето на нејзината електрична мрежа со остатокот од Европа ќе покрие повеќе од 25 отсто од енергетските потреби на земјата оваа зима.

Слични содржини