296
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на „максимална воздржаност” во Украина за да се избегне хуманитарна катастрофа, изразувајќи „длабока загриженост” за кризата во земјата.
„Двете страни да го задржат моментумот на преговорите, да ги надминат потешкотиите и да ги продолжат разговорите се додека не се постигнат резултати…како и да се спречи хуманитарна криза од поголеми размери”, цитираат кинеските медиуми извадоци од видео-разговорот што Си денеска го имал со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц.