Сијарто се надева на победа на десницата во Европа: Тоа ќе ги зголеми шансите за мир

Тогаш ќе има многу повеќе шанси за попрагматичен, здраворазумен пристап кон европската политика, а тоа ќе ги зголеми шансите за поголемо расположение насочено кон мир, вели Сијарто.

од Бети Божиноска
217 прегледи

Прашање е дали политичарите кои се залагаат за мир ќе победат на европските избори и ќе заземат повеќе места во Европскиот парламент по изборите што се очекуваат налето, вели унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во интервју за ТАСС.

„Мислам дека има се повеќе луѓе во Европа – а кога велам луѓе, не го поистоветувам со политичките лидери – кои почнуваат рационално да размислуваат за проблемот со украинско-рускиот конфликт и кои почнуваат да гледаат рационално на целиот проблем и да се спротивставиме на акциите кои можат да доведат до поголема ескалација,“ изјави Сијарто.

Сијарто, исто така, истакна дека верува оти Русија не може да биде поразена во овој конфликт, дека испраќањето војници на НАТО во Украина само ќе ја зголеми можноста за Трета светска војна и дека преговорите треба да се одржат што е можно поскоро.

Тоа, како што појасни, е само прашање на време, тие некогаш треба да се случат, па што пораниот можен почеток на дијалогот всушност би помогнал да се спасат човечки животи и да се намали степенот на уништување.

„Се надевам дека изборите за Европскиот парламент и некои од претстојните национални избори ќе ја зајакнат позицијата на политичарите кои се залагаат за мир. Прашањето сега е дали политичарите кои го поддржуваат мирот можат да победат на националните избори во Европа и дали политичарите кои се залагаат за мир ќе имаат повеќе места во Европскиот парламент отколку што имаа досега“, вели Сијарто и понатаму објаснува:

„Се надеваме на успех на десницата на изборите за ЕП и дека десничарските партии ќе ги зајакнат своите позиции и во овој случај ќе имаат повеќе места во ЕП. Тогаш ќе има многу повеќе шанси за попрагматичен, здраворазумен пристап кон европската политика, а тоа ќе ги зголеми шансите за поголемо расположение насочено кон мир“.

Шефот на унгарската дипломатија, исто така, посочи дека за Унгарија е „очигледно и апсолутно јасно дека треба да одржува контакт со руското раководство“, по што додаде дека тој самиот одржува контакт со различни руски претставници, вклучително и со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

“Ние веруваме дека дипломатијата е способност да разговараме едни со други дури и во тешки околности. Па дури и ако не се согласуваме за сè. На крајот на краиштата, нема апсолутно ништо посебно во комуникацијата со оние со кои се согласувате за сè. Постојат области кои не се под режимот на санкции. И јас прашувам зошто да не ја подобриме соработката со Русија во оние области кои не се засегнати од санкциите. Значи, кога ќе се појави потреба за контакт на високо ниво – ние сме апсолутно отворени“, вели Сијарто.

Слични содржини