Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека Украина, од политички причини, сè уште не е подготвена да преговара за снабдување со нафта преку нафтоводот „Дружба“ и дека во саботата украинскиот оператор објави дека веројатно ќе биде потребен еден месец за да се пушти нафтоводот во употреба.
Сијарто, пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, изјави дека ако некој мисли дека Украинците имаат какви било технички или инженерски проблеми, сега може да биде сигурен дека станува збор за чиста „политичка уцена“.
„Нафтоводот „Дружба“ е физички и технички подготвен за рестартирање на преносот. Нема технички или инженерски проблеми. Беше кажано дека денес ќе се одржи трилатерален состанок меѓу словачкиот министер за енергетика, украинскиот министер за енергетика и мене, но Украинците не се подготвени да го сторат тоа ниту тука во Брисел“, нагласи Сијарто.