Сијарто: Унгарија е лојален и сигурен сојузник во НАТО

од Milan1
6 прегледи

Унгарија е „лојален и сигурен“ сојузник на НАТО, што значително придонесува за развојот на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Во соопштението на унгарското Министерство за надворешни работи се наведува дека е важно НАТО „во сосема нова геополитичка реалност“ да се врати на своите првични цели да биде најсилниот одбранбен сојуз во светот.

„Овој одбранбен сојуз треба да ги зајакне своите одбранбени способности. И како лојален и сигурен сојузник, Унгарија значително придонесува за развојот на одбранбените капацитети на НАТО“, рече Сијарто во Брисел.

Слични содржини