Сијарто: Западот не може да ми забрани учество на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург

од Илинка Илиоска
398 прегледи

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Западот не може да му забрани учество на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

На маргините на Форумот, тој пред новинарите во Санкт Петербург изјави дека „не е личност за која има смисла да се каже што може, а што не може“, пренесува РТРС.

Сијарто истакна дека Унгарија донела суверена одлука каде да учествува, а каде не.

Шефот на унгарската дипломатија додаде дека би сакал да ги покани своите колеги да дојдат на Форумот во Русија, но дека тие немаат храброст за тоа.

Вчера во Санкт Петербург започна 27. Меѓународен економски форум кој ќе трае до сабота, 8 јуни.

На минатогодишниот Форум, на кој беа потпишани над 900 договори, учествуваа околу 17.000 учесници од 130 земји.

Слични содржини