Силна експлозија во Русија: Супермаркет срамнет со земја (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Силна експлозија одекнала во Владикавказ во еден од супермаркетите во централната улица, објави руската служба за вонредни ситуации.

Како што се наведува, во моментот кога се случила експлозијата, во супермаркетот имало само еден чувар кој успеал да избега пред целосно да се сруши продавницата.

Станува збор за еднокатна зграда, а според првичните информации, експлозијата се случила поради истекување на гас.

Покрај тоа, во подрумот имало шишиња со кислород, па се верува дека и ова придонело за јачината на експлозијата.

Во моментов, околу 100 лица учествуваат во акцијата за спасување, а истрагата е започната.

Слични содржини