Силни експлозии се слушнале во петокот во раните утрински часови во украинскиот главен град Киев и во голем број други градови низ земјата, јавуваат локалните медиуми, пренесува Ројтерс.
Во текот на ноќта низ Украина се огласија сирени за воздушен напад.
Експлозии се слушнаа и во јужниот град Керсон, Харков во источна Украина и Ивано-Франковск во западна Украина.
Засега нема официјална потврда за експлозиите, а Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди информациите.
Руските трупи во регионот на Доњецк се фокусираа на освојување на градовите Попасна и Рубижне, објави во петокот наутро украинската армија.
Тврдат и дека украинските војници успешно одбиле осум руски напади на територијата на Доњецк и Луганск во последните 24 часа.
Тие соопштија дека уништиле четири руски тенкови, шест оклопни возила, еден артилериски систем и четири пешадиски борбени возила.