Огромно количество дожд вчера за кратко време ги поплави улиците на хрватскиот град Хвар, предизвика одрони, а поплави и некои објекти. Според порталот Далмација Данас, морето ја сменило бојата поради пороите.
За само еден час во градот Хвар наврнале 90 литри дожд на метар квадратен, а во последните 24 часа над 120 литри, што е повеќе од просечната количина на врнежи што паѓа во ноември.
Освен обилните врнежи, проблем на Хвар се и силните грмежи кои предизвикаа голема штета на електрониката.
Од удари од гром е причинета значителна материјална штета бидејќи изгореле бројни електрични уреди, а дел од просторот останал без телефон.
Околу 14 часот и 15 минути пожарникарите побрзале да интервенираат во месноста „Крижни“ стаорец, каде удар на гром предизвикал пожар во покривот на семејната куќа.
Како што изјави за Далмација денес командантот Никола Шкарпа, интервенцијата е во тек, а според првите информации нема пов редени.