Силвестер Сталоне нуди 11 свои луксузни часовници на аукција

од Илинка Илиоска
254 прегледи

Силвестер Сталоне ќе понуди на аукција 11 луксузни часовници од својата колекција, соопшти аукциската куќа „Сотби’с“ во Њујорк. Наддавањето е закажано за 5 јуни, а на него ќе се најде и „еден од најсложените рачни часовници во светот“ – првично продаден за 2,5 милиони долари.

На добротворна аукција во 2019 година, друг челичен модел „Грендмастер чајм“ (Grandmaster Chime) – часовник во еден примерок, беше продаден за 31 милион долари, поставувајќи рекорд. „Чајмот“ на Сталоне има проценета вредност меѓу 2,5 и пет милиони долари, но многу веројатно ќе се искачи и над тоа.

Меѓу другите скапи часовници, на наддвањето ќе се најде и „Панерај референс ПАМ-00382“ од филмот „Платеници 2“ од 2011 година, заедно со потпишан постер од филмот. Во понудите се и „Панерај референс ПАМ-00269“, „Панерај референс ПАМ-00202“, Панерај референс ПАМ-00332“,  и други.

Слични содржини