Симион: Во Романија се случи државен удар

од Milan1
34 прегледи

Лидерот на екстремно десничарската партија Алијанса за обединување на Романците (АУР), Ѓорѓе Симион, го обвини Уставниот суд на Романија за продолжување на државниот удар, откако судот едногласно ја отфрли неговата жалба во врска со поништувањето на резултатите од претседателските избори на кои победи независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт Никушор Дан.

„Судот продолжи со пучот. Сè што треба да направиме е да се бориме. Ве охрабрувам да ме поддржите денес и во наредните недели“, напиша Симион на својот Фејсбук профил.

Иако претходните денови го призна поразот, Симеон сепак продолжи да се жали.

Тој претходно му ја честиташе победата на Дан, велејќи дека тоа е волја на романскиот народ.

Врховниот суд на Романија едногласно го отфрли барањето за поништување на претседателските избори.

Симеон поднесе петиција за поништување на изборите, тврдејќи дека Франција и Молдавија се мешале во изборите, објави Ројтерс. Сепак, независните набљудувачи оценија дека изборите биле добро организирани.

Во вториот круг од повторените претседателски избори во Романија, Никушор Дан освои 53,60 отсто од гласовите, додека кандидатот на десницата Ѓорѓе Симион освои 46,40 отсто.

Слични содржини