Син ја застрелал мајка му додека ја чистел пушката во Хрватска

од Milan1
38 прегледи

Дваесетгодишно момче во Хрватска со истрел од пушка ја убил мајка си, а според сите извештаи, како што пренесуваат локалните медиуми, се работи за трагична несреќа. Јасминка Л. починала синоќа кај Мала Суботица, во семејната куќа во село Пишкоровец, кога била погодена од куршум испукан од пушка што ја држел нејзиниот син.

Според раскажувањата на соседите, се се случило некаде после 19 часот и 30 минути, кога по пукањето, во семејната куќа се слушнал крик, проследен со повици за помош. Повредената 50-годишна Јасминка Л. не можела да се спаси, а нејзиниот 20-годишен син Доминик е уапсен и е под кривична истрага.

„Сите сме во шок. Со Јасминка сум во сродство и не ми се верува дека тоа се случило. Откако Доминик случајно ја ранил со таа ѓаволска пушка, мислам дека веднаш била повикана итна помош, но не ја чекале туку со колата на соседот ја однеле Јасминка кон болницата Чаковец. Беше облеана во крв и онесвестена. Одеднаш, кога стигнаа до Стефанец, нè известија дека таа починала, дека повеќе не дише. И полицијата го одвела Доминик“, изјавил жител на Пишкоровец, кум на починатата жена.

Слични содржини