Синдикатот на Југохром и околу двесте вработени попладнево пред комбинатот мирно протестираа, откако вчера раководството одлучи да ги згасне печките на фабриката. Тие  не прифаќаат дека Југохром е клучниот загадувач на Тетово. Тоа ќе се докаже многу бргу само нека продолжат мерењата и  по прекинот на работата , и ќе видите дека ништо нема да се смени. Ова е чиста политика порачуваат синдикалцие на Југохором

jugohrom-protest

 

Протестот како што велат е насочен  и кон невладините организации, кои како главен виновник за аерозагадувањето во Тетово го посочуваа Југохром, кој под притисок на еколошките здруженија одлучи да го прекине производствениот процес. Синдикатот смета дека загадувањето на воздухот не е резултат на индустриските капацитети, а како пример го посочија градот Скопје.  Сметаат дека затворањето на фабриката има политичка позадина а како главен виновник за аерозагадуавње ја посочија Општина Тетово, која не презема мерки против загадувачите во градот. Носечки прблеми за градоначалничката Арифи се депонијата која е среде градот, нрегулираниот сообраќај, старите нерегистрирани автомобили, сообраќајниот хаос и застој среде централното подрачје, греењето на цврсти горива, лошата урбанизација, унуштувањето на зеленилото, малите погони  и фирми кои не се контролираат како треба , немање органзиран јавен превоз, па потоа да дојде на ред Југохром од кој се прехрануваат најмногу семејствата на Македонците во тетовско . Има многу загаденост ама од политиката порачуваат синдикалците.

Протестите велат вработените ќе продолжат и во наредниот период, се додека Југохром повторно започне да работи.

Управата на Југохром вчера преку писмено соопштение информираше дека фабриката нема работи од 31 месецов до крајот на февруари наредната година. Одлуката како што велат била донесена поради големото аерзагадуавање иако тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.

Слични содржини