Синот на принцезата призна дека ја нападнал девојката: „Бев на кокаин“

од Milan1
28 прегледи

Мариус Борг Хоиби, 27-годишниот син на норвешката принцеза Мета-Марит, ја призна вината и и се извини на својата девојка, која физички и психички ја малтретирал, пишува „Дејли Мејли“.

Норвешкото кралско семејство го тресе скандал откако беше откриено дека посинокот на идниот крал е обвинет дека ја нападнал својата 20-годишна девојка во нејзиниот дом и и се заканувал дека ќе и ја запали облеката.

Минатата недела беше објавена веста за неговото апсење, тој помина 30 часа во притвор и се соочува со една година затвор. Неговата девојка е хоспитализирана со потрес на мозокот.

Во изјавата што ја даде за медиумите преку својот адвокат рече дека боледува од повеќе психички нарушувања и злоупотреба на супстанции.

– Минатиот викенд се случи нешто што никогаш не требаше да се случи. Извршив телесни повреди и уништување на предмети во станот во алкохолизирана состојба по расправија и кокаин. Имам неколку психички нарушувања, долго време се борам со злоупотреба на супстанци, поради што се лекував во минатото. Консумацијата на дрога и моите дијагнози не го оправдуваат она што се случи во станот во Фрогнер ноќта кон неделата минатиот викенд. Сакам да одговорам за стореното, а ќе дадам искрена изјава во полиција“, се наведува во изјавата на Мариус која ја даде преку адвокатот Ојвинд Братлиен.

Тој, исто така, му се извини на семејството за неговите постапки, кои, како што вели, длабоко ги погодиле. Ова е прва изјава што тој ја дал што укажува дека најверојатно ќе се изјасни за виновен по обвиненијата.

 

Слични содржини