Синвар знаел дека ќе биде ликвидиран, одбил да ја напушти Газа

од Milan1
25 прегледи

Лидерот на Хамас Јахја Синвар, кој беше убиен минатата недела во напад на израелската армија, претходно одбил да го напушти Појасот Газа и да го овласти Египет да преговара во име на Хамас за договор за ослободување на израелските заложници од палестинската енклава, наведува Волстрит журнал. Според весникот, на Синвар ова му било понудено за време на една од фазите на преговорите за прекин на огнот, веднаш по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври минатата година.

„Не сум под опсада. Јас сум на палестинска почва“, бил одговорот на Синвар на предлогот на арапските посредници.

Како што напредуваше војната меѓу Хамас и Израел, Синвар, наводно, се помирил со фактот дека најверојатно ќе биде убиен, и предложил Хамас да избере совет на водачи кој ќе управува во преоден период по неговата смрт.

„Волстрит журнал“ пишува дека за време на претходниот мандат на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тој презел чекори за да бидат убиени Синвар и воениот лидер на Хамас Мохамед Деиф, но бил во меѓу време тој разубеден од тоа.

Се додава дека претходникот на Нетанјаху, Нафтали Бенет, предложил убиство на Синвар во најмалку два наврати пред падот на неговата влада.

Слични содржини