Сириски: Украинските сили напредуваат од еден до три километри во некои делови од регионот Курск

од Milan1
64 прегледи

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски изјави денеска дека украинските сили напредуваат меѓу еден и три километри во некои делови на руската област Курск.

Украина соопшти дека презела контрола над 82 населени места во областа, на површина од 1.150 квадратни километри, откако започна голема офанзива на граничната област на 6 август, пренесува Ројтерс.

Сирски го информираше претседателот на Украина Володимир Зеленски преку видео врска за борбите во областа Малаја Локнијe, на околу 11,5 километри оддалеченост од украинската граница.

„Генерално, ситуацијата е под контрола, се се одвива според планот“, изјави Сирски, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека се надева оти борбите во близина на Малаја Локније ќе и овозможат на украинската армија да добие многу затвореници.

Украинските власти известија дека стотици руски војници се заробени за време на операцијата во областа Курск, што се надеваат дека ќе ја забрза размената на украинските борци кои се држат во руско заробеништво.

Сирски додаде дека интензивните борби продолжуваат на истокот од украинското бојно поле, особено во областите Торецк и Покровск.

Слични содржини