28
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави денеска дека украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната територија на регионот Суми во североисточна Украина.
Во разговор со командантите и шефовите на ограноците на украинската армија, Сирски истакна дека руските сили исто така се обидуваат да ги протераат украинските војници од областа Курск во Русија, но дека украинските сили даваат отпор, пренесе „Укринформ“.
Тој на Фејсбук објави дека разговарал со командантите за натамошното зголемување на борбените способности на украинските војници и за воведување модерни технологии, пренесува Танјуг.