Сирски: Веќе трет ден непријателот врши интензивни напади во областа Курск

од Milan1
32 прегледи

Москва ги интензивираше нападите на дел од територијата што ја држат Украинците во руската област Курск, изјави командантот на украинската армија, Олександр Сирски.

-Веќе трет ден непријателот врши интензивни напади во областа Курск, рече украинскиот генерал, додавајќи дека Русија „активно“ ги користи севернокорејските војници кои „имаа значителни загуби“.

Украинските власти вчера соопштија дека нивните војници убиле или раниле најмалку 30 севернокорејски војници кои Русија ги распоредила во Курск.

Слични содржини