578
Застрашувачки мејл бил испратен во српската амбасада во Берн, пренесуваат српските медиуми.
Мејлот содржи пораки со закани дека ќе бидат убиени сите вработени во Амбасадата во Швајцарија, но и нивните претпоставени во Белград.
– Ако продолжите да се обидувате да ја нападнете полицијата во Јариње кај Северна Митровица, тогаш ќе видите што ќе се случи и со кого си имате работа. Проклети кучкини синови, ќе се погрижам во следните 48 часа да испратам писмо-бомба што ќе го направам сам и ќе ве убијам во Берн и вашите претпоставени во Белград, сите одделно, вие воинствени кучкини синови, се вели во пораката.