325
Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна откако илјада полицајци од Франција пристигнаа на таа француска прекуморска територија, соопштија денеска француските власти.
Сепак, демонстрантите продолжуваат да ги блокираат патиштата, а аеродромот останува затворен по една недела немири, објави „Ројтерс“.
Групата што ги организира протестите – CCAT – денеска најави дека блокадите ќе продолжат, повикувајќи ги демонстрантите на мирен протест.