Истражителите рано изутрина околу 4 часот  го напуштиле Централен регистар Успеале да ги соберат сите документи кој ги барале, немало во моментот уништени материјали пренесува 24 Вести од извори во СЈО. Уште се  чекаат материјалите од неколку подрачни едници на Централен регистар низ Македонија но и од дирекцијата добиле известување дека и тие ќе им бидат доставени во текот на денот. Засега не се открива за која предистражна постапка и за кој предмет се работи, сеуште целата истрага се води во тајност.131294

Според нашите информации  алфите на МВР ја обезбедувале целата акција а ноќта бил присутен и директорот Централен регистар а  биле повикани и службеничките кои работеле на места од каде што биле одземени материјалите.

Нема детали кои десетина форми се во фокусот на истрагата, но извори од Централен ргистар  за локално.мк велат ,дека подолго време откако се добивани барања од СЈО до Централниот регистар, имало  низа активности на средувања на архивата и на документацијата, и воопшто не била неочекувана ваква полициска интервенција во Централниот регистар

 Дили одземените ноќеска  на документи ќе го решат случајот, останува енигма, но како и да е акцијата на СЈО и полициските алфи за денеска  е завршена.

Слични содржини