Скандал во Црна Гора: Спајиќ задоцни 4 минути на средбата со претседателот на Бугарија, Радев си замина

од Илинка Илиоска
248 прегледи

Откажана е средбата на премиерот на Црна Гора – Милојко Спајиќ со претседателот на Бугарија – Румен Радев бидејќи доцнела вчерашната договорена средба, поради што бугарската делегација по 4 минути ја напуштила владината зграда во Подгорица, објави денеска „Вијести“.

„Со амбасадата на Бугарија беше договорено средбата да се одржи во приемната сала во зградата на Владата во 17:00 часот, бидејќи премиерот Спајиќ имаше голема желба да се сретне со претседателот Радев и покрај неговиот напорен распоред. Премиерот претходна имаше средба со најголемата туристичка компанија, германската ТУИ. Таа траеше три минути подолго од планираното, а делегацијата на Радев ја напушти владината зграда по 4 минути чекање“, велат од црногорската Влада за „Вијести“.

Објаснето е и дека во истиот салон е одржана и средба со претставници на ТУИ, а причината за доцнењето е тоа што просторот треба да се подготви за нова средба.

Домаќин на посетата на претседателот на Бугарија е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Слични содржини