Скандал во Црна Гора: Спајиќ задоцни на средбата со претседателот на Бугарија, Радев ја напушти зградата на Владата

од Milan1

Откажана е средбата меѓу премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и претседателот на Бугарија Румен Радев.

Како што соопштија за „Вијести“ од Владата, договорената средба меѓу Спајиќ и претседателот на Бугарија во зградата на Владата доцнела, поради што делегацијата предводена од Радев ја напуштила зградата по четири минути чекање.

– Со Амбасадата на Бугарија беше договорено средбата да се одржи во приемната сала во Владата во 17 часот, бидејќи премиерот Милојко Спајиќ имаше голема желба да се сретне со претседателот Радев и покрај набиената агенда. Претходната средба на премиерот со најголемата туристичка компанија германската ТУИ траела три минути подолго од планираното, а делегацијата на претседателот на Бугарија Румен Радев по четири минути чекање ја напуштила зградата на Владата – изјавија за „Вијести“ од Владата. .

Од Владата дополнително за „Вијести“ објаснуваат дека средбата требало да се одржи во истата прифатна сала каде што се одржала средбата со претставниците на „ТУИ“ и дека причината за нејзиното одложување е тоа што просторот треба да се подготви за нова средба.

Домаќин на посетата на претседателот на Бугарија е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Слични содржини