„Постои сомнение дека осомничената, во периодот од јули 2017 до ноември 2023 година, вработена по договор на дело во постојаната мисија на Република Хрватска при Обединетите Нации во Њу Јорк, користејќи ги своите овластувања и можноста за пристап до банкарските сметки на постојаната мисија, вршела незаконски плаќања на свои лични сметки отворени во една банка во САД, стекнувајќи противправна корист од околу 750.000 долари“, соопштија од УСКОК.
Истрагата била спроведена заеднички со претставници на амбасадата на САД во Хрватска, а собраните податоци биле споделени со надлежните органи во САД.
По спроведената истрага, против осомничената е покрената постапка, соопштија од УСКОК, пренесуваат хрватските медиуми.