Скандал во Шпанија: ЦИА врбувала искусен разузнавач од ЦНИ

Одделот во ЦНИ кој се занимава со Русија доби особено значење од почетокот на војата во Украина со оглед на тоа дека бројот на Русија во Шпанија сега надминува 80.000

од Бети Божиноска
233 прегледи

Еден од двајцата агенти на шпанскиот Национален центар за разузнавање (ЦНИ) уапсени минатиот септември, откако било откриени дека се регрутиран од ЦИА, бил шеф на особено чувствителен сектор од шпанската тајна служба: одделението за Русија, пишува „Ел паис“.

Според избори блиски до истрагата, станува збор за почитуван аналитичар со воена кариера во морнарицата и долга кариера во разузнавачката служба, а неговото апсење со уште еден шпански разузнавач а пренесување доверливи информации на Американците предизвика шок во Шпанија.

Шпанскиот весник пишува дека и покрај соработката меѓу шпанската и американската разузнавачка служба, ЦИА сакала информации, меу другите, и за тоа какви врски има Мадрид со Москва и дали се уште ги одржува.

Одделот во ЦНИ кој се занимава со Русија доби особено значење од почетокот на војата во Украина со оглед на тоа дека бројот на Русија во Шпанија сега надминува 80.000.

„Ел паис“ потсетува дека во контекст на новата Студена војна се случија и убиствата на рускиот дезертер Максим Кузмин во Вијахојоса и погибијата на Сергеј Протосенја и неговото семејство во Љорет де Мар. И во двата случаи, шпанската служба за одговорни ги смета руските безбедносни служби.

Како што објаснуваат експертите, регрутирањето на агентот на ЦНИ не било насочено само кон неговата актуелна сфера на одговорност. Напротив, алармот го вклучил неговиот обид да пристапи до документација која не е поврзана со неговата работа.

Во текот на истрагата, која се води под превезот на тајноста, ќе биде утврдено дали агентот добивал пари во замена за информациите, а во ависност од тоа мое да биде обвинет за оддавање тајни ии за предавство.

Во меѓувреме, шпанските власти протераа од земјата тројца агенти на ЦИА кои биле дел од американската дипломатска мисија во Мадрид и биле вклучени во врбувањето на шпанските агенти.

Слични содржини