Скандалозна изјава на Бајден: Да ја заштитиме Украина од касапот Путин

Путин, коментирајќи ги овие зборови, му посака здравје на Бајден и истакна дека оценувањето на другите луѓе е исто како и гледањето во огледало.

од Бети Божиноска
276 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден повторно го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна Каролина. Бајден ја даде изјавата во контекст на зголемувањето на даноците за богатите со цел да се распредели помош за Украина.

Говорејќи пред гласачите во Северна Каролина, Бајден ја истакна иницијативата за зголемување на данокот на доход за поединци со високи приходи од 8,2 отсто на 25 отсто со што, според него, би се акумилирале 400 милијарди долари во следните 10 години.

„Замислете што можеме да направиме со ова (приходи од зголемените даноци на богатите). Можеме да направиме толку многу, вклучително и да се погрижиме да ја заштитиме Украина од касапт Путин“, нагласи Бајден во говорот.

Претходно американскиот претседател предизвика дипломатски скандал нарекувајќи го рускиот лидер „убиец“.

Путин, коментирајќи ги овие зборови, му посака здравје на Бајден и истакна дека оценувањето на другите луѓе е исто како и гледањето во огледало.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Бајден јавно го нарече Путин „диктатор“, „касап“, „воен злосторник“ и нагласи дека „не може да остане на власт“.

Коментирајќи ги претходните слични изјави на Бајден, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека тоа е неприфатлива и непростлива реторика на шефот на државата чии бомби убиле стотици илјади луѓе низ светот, пренесува „Спутник“.

 

Слични содржини